ПЛАТЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО: Грејната сезона почнува на 15 октомври, РКЕ со важно соопштение

Добивај вести на Viber

Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот. 

Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден  е еднаква или помала од 12 степени, тогаш грејната сезона може најрано  да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април. Повеќе на Фактор.мк