Животна училница // Приказни
По 17 породувања на Чаирско дежурство, убаво е кога ќе те прашаат дали се чуваш: Д-р Скепароска
- 27 Март, 2020
Докторката Кристина Скепароска од гинекологија во Чаир, на својот профил на Фејсбук им се заблагодари на момците кои во време од напорно дежурство ѝ донеле визири за заштита од коронавирусот.
-Чаирско дежурство... 17 раѓања.
И кога мислиш дека само дежурната екипа и родилките останале на светов- некој ќе ти се јави и ќе те праша дали се чуваш, и пред да почне полицискиот час, ќе побрза да ти донесе визири.
И наеднаш светот станал поубаво место за живот.
Фала до Ристе, Ненад, Александар и до сите чие име се уште не го знам- пишува таа под фотографиите.