По 3 спонтани абортуси, го прашав Бог- Зошто?: Потресна исповед на позната пејачка

Добивај вести на Viber

Кантри пејачката Кери Андервуд имала три спонтани абортуси во последните две години. Таа го потврди ова во своето интервју за Би-Би-Си, забележувајќи дека се плашела дека ќе доживее и четврт. Тогаш таа била мнпгу повредена и лута за сè што минува низ нејзиниот живот.

- Плачев и се прашував зошто останував бремена, ако не можам да имам дете. Се лутев на Бога и му реков или да ми дозволи да имам дете или нека ја затвори вратата. Тоа беше прв пат кога искрено му кажав што мислам и како се чувствувам. Тоа беше во саботата, а во понеделник отидов на лекар, очекувајќи дека повторно ќе ми кажат како сум имала спонтан абортус. Но, се беше во ред - вели 35-годишната пејачка, која со нејзиниот сопруг Мајк Фишер има три годишен син.

Кери размислуваше и да посвои дете. Многу од луѓето ја пофалија нејзината намера, но сепак имаше и такви кои ја критикуваа.

- Сѐ уште можеш да имаш деца. Не си стара на 35 години. Не е доцна, туку таман - пишуваа на социјалните мрежи.