По 30 години музичка кариера за прв пат ќе бидам дома за Нова година со семејството: Ленче Куќиќ предпразнично за Женски магазин
Победничка на Балканското шоу „Никогаш не е доцна“, Ленче Куќиќ предновогодишно за Женски магазин зборува за домот, семејството, кариерата, пандемијата и музиката. Пејачката повеќе од 30 години има успешна кариера, а со музика се занимава и нејзиниот син Иван кој од неодамна е дел од проект на Влатко Стеафновски и неговиот син Јан. Предпразнично, откриваме детали од традициите кои ги негува Ленче, но и нејзината новогодишна порака до сите.
„Повеќе години наназад Новата Година ја пречекувавме во хотел Сириус, Струмица. Така ќе беше и годинава, но бидејќи нема да има славење-нема да има музика, а причината за тоа на сите ни е позната, вели Ленче и додава: „За мене овој дочек на Нова Година ќе биде едно големо воодушевување, бидејќи после 30 години кариера со музика и песна, јас ќе бидам дома со моето семејство“.
За нивниот дом пред празниците, таа вели дека секоја година се украсува со љубов и смеа и со идеи од сите нив.
„Секоја година и сопругот Горан и Иван земаат учество во китењето“, вели пејачката.
Иван кој студира во Белград, поради пандемијата со коронавирус е дома, но неговите проекти и покрај новонастанатата ситуација не се стопирани, вели пејачката и додава: Иван заедно со Влатко Стефановски и Јан го промовираа новиот проект „Taftalidze Shuffle“ и имаат прекрасни резултати. „Неговите планови се големи и се надевам во интервју со него ќе ви ги раскаже“, вели Ленче кога ја прашавме за плановите на Иван.
Таа во 2019 година победи на шоуто „Никогаш не е доцна“, а за нив како семејство таа победа значела еден нов живот. „Нашите желби прераснаа во повеќе песни, повеќе патувања надвор од нашите граници. Во минатиот период имавме концерти насекаде низ Балканот, но беа откажани. Ние бевме вистинско изненадување на Балканот, и презентирајќи ги „Катерино моме“, „Не иди од мене злато моје“, „Одисеја“, „Волим те“, „Не дирај моју љубав“, станаа секојдневие во секој дом. Но, кај нас помалку, затоа што сме коректни соседи“, вели пејачката.
За празниците, таа вели дека се почитува традицијата, а трпезата што ја подготвува и била наследство од нејзините мајка и баба. Но, кога се омажила за Горан започнала да ги почитува и обичаите и адетите кои ги применувала и нејзината свекрва Рушка.
Пандемијава промени сѐ. Светот каков што го познававме престана да постои се навикнавме на новото нормално, ако така може да се каже. Ковид-кризата навлезе секаде, па така и на естрадата. Но, Куќиќ позитивно гледаат на сѐ, па така и за пандемијата имаат парола: „На сѐ ќе му дојде крајот“.
Ленче Куќиќ со честитка и порака им ги честита Новогодишно-Божиќните празници на сите: „Минатата година да ни биде умствена порака, а старата поговорка да ни биде четиво „Кога имаме здравје имаме сѐ“! И годината која е пред нас да ни биде исполнета со здравје и љубов“.
Фото и Видео: Youtube/ Grand Production
Наталија Миланова
* Утринско кафе со Ленче Кукиќ: Музиката и семејството се моја водилка низ животот