Животна училница // Приказни
По долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски: Посветен на работата и професионалец
- 06 Август, 2024
Почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше пзонат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем.
Тој почина по долги и тешки здравствени компликации.
Беше Претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на Гордана Сиљановска Давкова.
Работел како новинар во Канал 5, Сител, основач на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.
Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.