По две момчиња, се израдуваа на девојче: Давид и Катарина Бабунски станаа родители по трет пат
Принова во семејството на младиот фудбалер Давид Бабунски.
Катарина се породи и на свет донесе здраво бебе.
Тие веќе се родители на две момчиња, а овој пат семејството ќе им го радува девојчето Алина.
„Нашата ќерка Алина пристигна денес. Порано од очекуваното, но перфектно здрава, силна и убава. Донесе голема среќа и љубов во нашето семејство“ - напиша прекрасната Катарина на Инстаграм споделувајќи неколку
Катарина Бабунски е сопруга на младиот македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски.
Се запознале преку заеднички пријатели во 2016-та, набрзо почнале да живеат заедно, а веќе во 2017 година биле во Јапонија каде правилата се малку поинакви и морале да се венчаат доколку Катерина сакала да остане таму со него.
„Ни беше важно да останеме заедно и се покажа дека не погрешивме, бидејќи од тој брак создадовме семејство“ – ни откри Катарина во интервјуто за Женски магазин.
FOTO: Instagram screenshot