ПО ФОРМАТА НА СТОМАКОТ СЕ ПОЗНАВА ДЕКА НОСАМ МАШКО: Ана Зафирова очекува втор син

Добивај вести на Viber

Водителката и новинар Ана Зафирова и нејзиниот сопруг Поликарп, го очекуваат вториот син. Ана е во осмиот месец од бременоста, и вели дека добро се чувствува и без проблем ги извршува задачите кои се пред неа. Постариот син на Ана Михаил, има четири ипол години.


„ Бидејќи мојата професија е поврзана со јавност, на еден неодамнешен настан на Американска амбасада, во кој бев вклучена, добив одличен коментар кој многу коинцидира со моите ставови. Бремената жена станува медиум преку кој се испраќаат многу моќни пораки, затоа што со или во бременоста нема еднаквост со другиот пол. Покрај физичкото менување, постојат многу премолчени и искажани социјални конструкции кои навлегуваат во вашето лично поле. И тие не се однесуваат на идниот татко, туку секогаш на идната мајка. Затоа секое присуство на бремена жена во јавност во микро средини како нашата, треба да се искористи за да може таа да зборува за нејзините други идентитети како професионалец, како рекреативец, како пријателка, за ставовите по одредени прашања, за желбите, надежите“, ни изјави Ана. 

Настанот на кој се фотографираше Ана,  е трибината на министерството за здравство за Новата градска болница, кој што се случуваше во Музејот на современа уметност. 

„Инаку, на пазарче, сите знаат дека носам машко, народната мудрост проценува по формата на стомакот. Внимавам на железото, пијам доволно течности, намалив со благо, токму заради шеќерот, решив каде и кој доктор ќе ме пораѓа, бескрајно им верувам на моите докторки, гиниколог и трансфузиолог и ако не одговорив на некое прашање од личната зона, пишете, тука сум, хахаха“, низ насмевка вели Ана.

За неа, неоткажување од активностите е поврзано и со темпераментот кој што го има, и со професионалните принципи во работењето кои ги негува. 

„ Уживам во професијата и можностите што ми ги нуди, секој ден да ми биде поинаков. Одбрав да бидам фриленсер, што значи секој ден да  е неизвесен, но и извесен, да заработам онолку колку што ќе сработам. Но, следува период кога ќе треба да забавам со темпото на работење, за тоа ќе си каже телото. Ама како идна мајка на второ дете веќе многу работи ми се познати, така што верувам дека поедноставно ќе влезам во новиот колосек“, ни изјави Ана. Со голема радост, таа и семејството го чекаат новиот член,  за кој што наскоро ќе почнат поинтензивно да се подготвуваат.

М.Џаровска 

Фото: Горјан Гилевски