По катастрофалниот пожар во ТЦ Глобал, првиот целосно реновиран дуќан

Добивај вести на Viber

Во големиот пожар кој избувна ноќта на 2 јануари во ТЦ Глобал Струмица, беа оштетени една третина од пазарот, голем дел од дуќаните на приземјето и на првиот кат, како и дел од оние лоцирани на вториот и третиот кат, додека пак покривот целосно се урна. Според барањата за оштета на тезги и продавници, беа оштетени приближно 50 правни субјекти. Над еден милион евра штета беше пријавена од физичките и правните лица до општинската комисија во Струмица.

Осигурувањето на имот, во зависност од осигурителната компанија и опсегот на полисата, во овој случај беше единственото брзо решение за сопствениците чии дуќани беа зафатени од пожарот.

Ова се фотографиите пред и потоа во дуќан во ТЦ Глобал што беше зафатен со пожарот што се случи на 2 јануари оваа година. Ова е единствен дуќан од целосно опожарените во трговскиот центар, што е целосно саниран и веќе вратен во првобитниот изглед и повторно отворен. Брзата постапка на осигурителната компанија Кроациа осигурување овозможи брзо санирање на објектот за што беше исплатена сума за оштета од над еден милион денари, за деловен простор со површина од 130 квадратни метри.


„Беше исклучително важно што побрзо да го вратиме објектот во првобитната состојба и да почнеме со работа, за мене како сопственик но и за вработените. Благодарение на брзата реакција на осигурителната компанија тоа се случи во најкус можен рок, со минимални процедури и целосна поддршка од Кроациа Осигурување. Ние сме единствениот објект од сите целосно опожарени дуќани што денес работи”, вели Зоран Василев, сопственикот на дуќанот.


Со соодветен избор на осигурување во случај на незгода ќе ја зачувате вредноста на вашиот имот а воедно ќе си обезбедите посигурна иднина. Направете избор на осигурување со коешто ќе го осигурате вашиот имот пред опасностите кои секојдневно ве загрозуваат.