По обвинувањата за сексуалната афера на Трамп: Каде е Меланија и што прави првата дама на САД?
После интервјуто во кое порно-актерката Сторми Данијелс го обвинува американскиот претседател Доналд Трамп за сексуална афера, очите на цел свет се вперени во Белата куќа.
Данијелс тврдеше дека имала сексуален однос со Трамп во неговиот хотел, кога веќе бил во брак со Меланија.
Првата дама на САД неодамна се огласи преку својот портпарол Стефани Гришам, која во писмено соооштение изјави дека 47-годишната сопруга на претседателот „моментално е фокусирана на мајчинството, и дека ужива во пролетниот одмор во одморалиштето Мар-а-Лаго во Палм Бич во Флорида, каде работи на своите идни проекти“.
Сепак, еден извор изјавил дека Меланија моментално поминува низ тешки моменти.
Тоа го потврдил и нејзин близок пријател:
„Многу е незадоволна од својот живот. Да може, би избегала со својот син далеку од Доналд“.