По одморот со синот заврши во карантин: Северина позитивна на КОВИД-19
Северина објави дека е позитивна на коронавирус, се заразила после одморот со син и'.
Апелира до медиумите да не шират лажни вести, а во обраќањето на Фејсбук иницира дека иако сакала нејзиниот позитивен тест да остане тајност, најверојатно нејзиниот поранешен сопруг и татко на нејзиното дете, ја споделил информацијата со медиумите.
„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна на КОВИД-19, додека тестот на мојот син е негативен.
Веднаш утрово, откако стапив во контакт со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и во договор со него го предадов син ми два дена пред назначениот датум, да биде во самоизолација со татко му, без оглед на негативниот тест.
Заради заедничка заштита на приватноста побарав од неговиот татко да биде дискретен. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум заразена „забавувајќи се во Далмација со детето“.
Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување затоа што нашиот прв тест беше негативен за двајцата.
Апелирам до медиумите, особено во Србија, да се воздржат од објавување невистинити, непроверени, односно фабрикувани информации“ - напиша Северина.