По принцот Чарлс и премиерот на Велика Британија позитивен на коронавирус

Добивај вести на Viber

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон на твитер, објави дека е позитивен на коронавирус.

„ Во текот на последните 24 часа имам развиено благи симптоми и се тестирав за коронавирус и тестот е позитивен.

Сега јас се изолирам, но ќе продолжам да ја водам владата преку видео-конференција бидејќи се бориме против овој вирус“, напиша Џонсон.

Пред два дена Клиренс Хаус  објави дека и принцот Чарлс е позитивен на КОВИД-19.