Почеток на нова ера за Сити Колеџ, Европскиoт кампус на Универзитетот Јорк

Добивај вести на Viber

По бројните и успешни достигнувања во изминатите 30 години, Сити Колеџ влезе во нова ера. Сити Колеџ сега е Европски кампус на врвниот британски универзитет, Универзитетот Јорк. Оваа клучна пресвртница во историјата на Сити Колеџ беше формално означена со инаугурација, што се одржа на 18 ноември во Центарот за дигитална трансформација и дигитални вештини (DT&S) – Cisco во Солун, Грција.

Настанот беше одржан со цел да се означи новиот статус на Сити Колеџ како Европски кампус на Универзитетот Јорк, како еден од најдобрите универзитети во светот, водечки универзитет во Обединетото Кралство и во Европа. Сити Колеџ е уникатна меѓународна институција со седиште во Грција, но со дисперзирани активности во 8 земји и е широко призната низ целиот регион за нејзината академска извонредност. Исто така, Сити Колеџ заедно со Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот Стразбур, нуди единствена образовна можност, Паневропската МБА програма за извршни позиции, низ Југоисточна и Источна Европа, како и во регионот на Кавказ. Во текот на својата 30-годишна историја, Сити Колеџ продолжува да го поврзува Обединетото Кралство со целиот регион, Европа и светот.

Јанис Верверидис, претседател и директор на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк го отвори настанот и срдечно ги поздрави сите гости. Говорот на Верверидис беше проследен со обраќање на професорот Чарли Џефери, заменик-канцелар и претседател на Универзитетот Јорк. Поздравни говори имаа и Ставрос Калафатис, заменик-министер за внатрешни работи (сектор Македонија - Тракија), Метју Лоџ, британски амбасадор во Грција, Константинос Зервас, градоначалник на Солун и Марија Цакали, раководител за образование, Британски совет, Грција. На настанот говореа и високи службеници од партнерските универзитети на Сити Колеџ, д-р Тиери Бургер-Хелмхен, заменик потпретседател за учење и настава од Универзитетот Стразбур, Професор Ремус Прикопие, ректор на Националниот универзитет за политички студии и јавна администрација од Романија; професор Димитар Трендафилов, проректор за меѓународни односи од Новиот бугарски универзитет и Хари Даскалакис, претседател на Атина Тех. На присутните им се обрати угледниот член на заедницата на дипломци на Сити Колеџ, Димитрис Лакасас, а завршниот говор го одржа претседателот на Студентскиот сојуз Рон Лецај.

„Среќни сме што ја започнуваме нашата нова ера како Европски кампус на Универзитетот Јорк“, рече Верверидис. “Она што нè поврзува со Универзитетот Јорк се вредностите, квалитетот, целта и визијата. Горди сме што се приклучуваме на заедницата на Универзитетот кој се карактеризира со извонредност и во наставата и во истражувањето и секогаш е рангиран меѓу најдобрите универзитети во Обединетото Кралство и во светот. Универзитет кој постои за јавното добро. Затоа, ние сме повеќе од среќни што можеме да продолжиме да растеме, да се развиваме и да нудиме повеќе можности за луѓето од целиот регион и пошироко да работиме со, и како дел на заедницата на Универзитетот Јорк.“

Во одговорот, заменик-канцеларот и претседател на Универзитетот Јорк, професор Чарли Џефери рече: „Одразувајќи ги заедничките визии и инклузивни амбиции на двете институции, воодушевен сум што Сити Колеџ доби статус на Европски кампус на Универзитетот Јорк. Стратешкиот сојуз што сите ние го изградивме е одраз на нашата заедничка посветеност кон учењето, наставата и истражувањето. Со искуството на студентот во срцето на сè што правиме, имаме заедничка посветеност да ги исполниме највисоките квалитети и стандарди. Ние ќе им овозможиме на студентите во Атина, Баку, Белград, Букурешт, Киев, Софија, Тбилиси, Солун и Ереван, еднакви можности за напредок, обезбедени од Британската диплома со која што ќе се здобијат (исто така и Француската во случајот со Паневропската МБА). Преку оваа мрежа, студентите ќе имаат пристап до вистинска глобална заедница. Ова искуство без сомнение ќе значи дека тие дипломци ќе станат лидери и шампиони во која било кариера и да ја одберат.“

На настанот беа присутни голем број претставници од регионот, бизнис заедницата, индустријата, владата, граѓанските организации од регионот како и академскиот и административен персонал, студентите и дипломци на Сити Колеџот. Почитувани гости беа: Сандрин Муше, генерален конзул на Франција и директор на Францускиот институт во Солун, Дукаѓин Пуповци, заменик министер, Министерство за образование, наука, технологија и иновации на Косово, Радостин Ванкин, генерален конзул на Бугарија во Солун, Димитриос Кувелас, пратеник во грчкиот парламент, Јоана Космопулу, заменик-градоначалник за образование, Солун, Панајотис Хасапис, извршен потпретседател, СЕВЕ, професор Александрос Шацигеоргиу, декан на Универзитетот на Македонија, Солун, Василис Флоридис, главен обвинител на Солун и многу други.

ПР објава