Почина денес: Џејн Биркин- икона на стилот и најскапата чанта во светот за која богатите „се тепаат“

Веста дека англиската легендарна пејачка и актерка Џејн Биркин (76) е пронајдена мртва  денес на 16 јули го шокираше целиот свет. Првата асоцијација со неа е онаа безвременска привлечност на Џејн Биркин која не лежи во нејзината убавина или проѕирни фустани. Суштината на нејзината привлечност отсекогаш била во ставот од кој се родила нејзината најпозната креација - чантата „Биркин“.

Биркин чантата не само што е именувана по неа, таа потекнува директно од нејзината имагинација и според нејзините потреби, преименува во чанта Ермес Биркин или, поедноставно, чанта Биркин, најпознатата торба на планетата.

За прв пат претставена во 1984 година, овој модел на чанта стана симбол на богатство и ексклузивност, благодарение на високите цени и листите на чекање исполнети со имињата на неколкумина кои можат да си ги дозволат.

Биркин е најскапиот додаток на светот, изработена е од најфина кожа, теле, но и кожа од ној, крокодил, коза и гуштер, а внатрешноста е обложена со јагнешка или козја кожа. Деталите на чантата, како што се бравурите, токите и клучевите, се обложени со паладиум или злато, а некои примероци се направени и од дијаманти.

Еермес чантите се изработуваат рачно со посебен метод стар два века, а секое парче е сошиено, полирано и рачно обоено многу прецизно и со најголема грижа.

Џејн Биркин со години беше позната по тоа што насекаде носеше голема плетена корпа наместо чанта. Оваа навика ја стекнала во текот на шеесетите години во Португалија и продолжила да ја користи речиси во сите прилики, а иако била обична кошничка за риболов - актерката ја обожавала бидејќи во неа можела да спакува се што и треба.

Од пазар, до излегување, до патување, тоа беше многу практичен начин за носење на сите потребни работи, но се покажа дека не е најзгодно како рачен багаж во авионот.

Едно лето во 1983 година, на патување од Париз до Лондон, Џејн случајно седела до Жан-Луј Думас, извршниот директор на модната куќа Еермес. Кога се обидела да ја стави својата корпа во преградата за рачна опрема, нејзината содржина се истурила, што ја налутило актерката.

Џејн ѝ се пожалила на својата придружничка дека и е тешко да најде чанта што и се допаѓа, по што Дима ѝ се претставил и почнале да ја замислуваат совршената рачна торба. Една година подоцна, тој и подари чанта наречена по нејзиното име – Birkin, простран, но многу софистициран кожен модел совршен за секојдневна употреба. Џебовите беа функционални, а ништо не испаѓа од чантата, како што таа сакаше.

Најексклузивната женска чанта досега е Birkin

Има и листа на чекање за чантите Hermes Birkin, а во еден момент листата беше долга и шест години! Чантите се доставуваат до бутиците на модната куќа Ермес во непредвидливи времиња и во ограничени количини, со што се создава слава и ексклузивност.

Нивната цена варира од 9.000 до половина милион долари, зрачат со луксуз и нема љубител на модата кој не е маѓепсан од нив. Некои ги сметаат за подобра инвестиција од купување злато и акции, а најскапа е Еермес Хималаја Биркин, чија цена е вртоглави 500.000 долари.

Биркин во една прилика истакна дека и е забавно што по половина век кариера, повеќе од 70 филмови и двоцифрен број музички албуми, луѓето најчесто ја поврзуваат со една чанта. 

извор: Жена блиц

Фото: принтскрин, јутуб