Почина дојенот на македонската антологиска песна Анка Гиева

Добивај вести на Viber

На 86 годишна возраст почина македонската пејачка на народна песна, Анка Гиева.

Анка е родена 1938 година во Скопје.

Гиева е позната како изведувач на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ во Скопје.

Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Наѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, "Да сум бистра вода", "Отвори ми бело Ленче" и други.

Во 2022 година доби „Орден за заслуги" на Република Македонија од претседателот Стево Пендаровски.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб