Почина Лук Пери, ѕвездата од хит-серијата „Беверли Хилс“, пет дена по неговото хоспитализирање откако доживеа мозочен удар.
Претходно на актерот кој играше и во популарната тинејџерска серија „Ривердеил“ му беше откриен и колоректален карцином поради кој комплетно го промени начинот на живот.
Пери има две деца, синот Џек (21) и ќерката Софи (18) од бракот со Рејчел Шарп.