Почина на улица исто како мајка ѝ: Откриена причината за смртта на познатата Марија од „Жикина династија“

Иста судбината како мајка ѝ...

Ријалда Кадриќ, чија улога на Марија, во познатата серија одбележа една епоха, почина во Атина пред неколку дена, а веста за нејзината смрт го растажи регионот.

Актерката почина ненадејно, на 57-годишна возраст во Атина, каде што живеела  последните неколку години. Сега е откриена и причината за смртта.

Ријалда Кадриќ починала од срцев удар на улица во Атина, јавуваат регионалните медиуми.

Актерката еднаш во едно интервју зборуваше за смртта на нејзината мајка, нарекувајќи ја најголемата трагедија во нејзиниот живот. Таа, исто како и Ријалда сега, починала на улица.

- На 16 јануари 1991 година, мајка ми почина ненадејно на улица во Белград, војната во Југославија се ширеше и решив да останам во Лондон и да започнам нов живот - рече еднаш актерката.

извор:GLOSSY

Поради љубов, остави сè, ја напушти Србија и се откажа од актерството: Животната приказна на познатата Марија од „Жикина династија“