Почина новороденче нападнато од куче миленик на семејството

Во семејната куќа во Ла Зарза, предградие на Фаснија, Тенерифе (Шпанија) се случи огромна трагедија. Белгиски овчар- куче миленик во семејството го нападнало новороденчето во семејството.

Родителите се обиделе да го спасат несреќното бебе од кучето, кое го гризело по главата, по што побарале помош од итна служба. Лекарите и медицинскиот персонал се обидувале да го спасат животот на дваесет дена старото бебе повеќе од половина час, но за жал не успеале.

Во Фаснија е прогласен Ден на жалост, а градоначалникот на овој град рече дека настанoт ги шокираше сите жители на градот и дека знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во општините и на објектите на кои се истакнати државни обележја.