Почина од „скршено срце“: Илчо Гоцевски возачот од Итната помош кој цела ноќ спасуваше животи постхумно ќе биде одликуван

Името на Илчо Гоцевски, возач на Итната медицинска помош кој кобната ноќ пренесуваше повредни деца на релација Кочани – Скопје, долго ќе го паметиме.
Илчо по долги часови работа во критичниот период, се вратил во својот дом да се одмори, заспал и не се разбудил. Неговото човечеко срце не издржало по траорот што го доживеал спасувајќи човечки животи.
Илчо Гоцевски ќе биде постхумно одликуван, ова го најави министерот за здравство Арбер Таравари.
– Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.
– Многу ми е тешко. Работеше 40 часа. Дојде со колега и рече дека е уморен. Побара од колегата да му даде инфузија за да му помогне да се опорави малку бидејќи мора да се врати во болница за да помогне. Ми рече дека е уморен и отиде да спие. Бев изненадена што не стана четири-пет часа. Нешто само ме прободе и извикав: „Иле, Иле“. Не одговараше - се расплакала Анета, сопругата на Илче Гоцевски во потресна исповед за српски Телеграф.
Иако терминот „скршено срце“ се сфаќа претежно фигуративно, во преносно значење, тоа е „вистински“ здравствен проблем кој се опишува како состојба која вклучува срцев удар, најчесто предизвикана од огромен емоционален стрес.
Илчо Гоцевски херојот кој 40 часа спасуваше животи во Кочани: Еве што раскажала неговата сопруга ...