ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина: „Да не објавуваат невистинити информации“

Добивај вести на Viber

Официјално известување

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РСМ располага со доволни количини на безбедна крв и крвни компоненти од сите крвни групи. Ги замолуваме граѓаните, порталите и медиумите да не објавуваат невистинити информации кои поради сензитивноста на состојбата прават пореметување на годишниот интегрален план за крводарување.

Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти вклучувајќи и потреба од крвни продукти за настраданите.

Однапред Ви се заблагодаруваме за разбирањето.

Со почит ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина