Свекрвата никогаш не ја прифати, а судбината ја спречи да се разведе: Сестрата на Силвана Арменулиќ проговори за тајните на култната пејачка

Силвана Арменулиќ заспа засекогаш и така остана законска сопруга на човекот од која сакаше да се разведе, невозвратената љубов и вечното страдање на нејзината ќерка Гордана и родената сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ, која за „Блиц“ се потсети на сите тешки моменти низ кои пејачката поминувала.
Пред 50 години, на 10 октомври, цела тогашна Југославија пушти солзи. Трагично загина во сообраќајна несреќа легендата на фолк музиката Силвана Арменулиќ, оставајќи зад себе безброј хитови, но и 12 - годишната ќерка Гордана. Ја нарекуваа дама со префинет стил и жена полна со тага. Ноќта кога слушнала дека останала без двете сестри Силвана и Мирјана, Дина Бајрактаревиќ Николиќ, вечно ќе ја памети. Нејзиниот врисок одекнувал низ Карабурма, каде што живеела во тоа време. Солзи и течеле, а тага останала вечна. И денес по повеќе од 40 години, со сет и треперлив глас зборува за сестрата Силвана, која остави неизбришлива трага во музиката.
„Бевме многу поврзани, Мирјана, Силвана и јас. Особено последните денови бевме неразделни. Силвана ги поднесе документите за развод. Имаше многу лош брак со Радмило. Започнала да се забавува со спортскиот коментатор Марко Марковиќ. Беа заљубени еден во друг. Би требало да има уште едно, трето рочиште за да се разведе од Радмило, но судбината го спречи тоа. Таа беше сосема поинаква личност кога беше со нас сестрите, семејството, за разлика од тоа каква беше пред публиката“ - ја почна својата приказна, сестрата на Силвана, која со години живее во Данска.
Низ песните Силвана знаеше да го отпее она што и се случува во животот. Емоциите ја красеа нејзината душа која ја чистеше со солзи.
„Беше многу емотивна, отворена со нас сестрите. Ни ги кажуваше своите желби, она што го чувствува... Една на друга си бевме сѐ. Го знаевме она што го преживува секоја од нас. Иако сум 14 години помлада од неа, знаев. Ми зборуваше. Бевме 13 членови во семејството“ - зборуваше Дина, која призна дека Силвана многу патела во бракот.
„Нејзината свекрва никогаш не сакаше да ја прифати. Кога ја добија ќерката, Силвана и понатаму се занимаваше со пеење, никогаш не сакаше да ја напушти кариерата и да биде дома. Затоа ја замоли свекрвата да и ја чува ќерката и за тоа да и плажа 600 илјади динари секој месец, да има за храна и трошоци за Гордана. Целата куќа ја реновираше Силвана, го смени мебелот“ - вели Дина, која не може да ги поднесе јавните обраќања на Радмило во кои тој вели дека го купил станот каде живеел со Силвана, кои според неа се лага.
„Радмило се забавуваше со Мира Пеиќ, додека Силвана беше жива. Тој четири години беше со неа. Во Домот на синдикатите бевме сестра ми Мирјана и јас на концерт и Радмило се појави со Мира. Тој многу се уплаши кога го фативме... Го гледавме мојата сестра и јас како оди прегрнат со неа како сето тоа да е нормално“ - вели Дина, која истакна дека што купила стан, веднаш сакала да се разведе од Радмило.
Силвана, како што напоменува Дина не знаела да ги сокрие емоциите пред своите сестри.
„Многу пати знаеше да заплаче кога ќе останеме сами, кога ќе немаше никој друг. Зборуваше: „Што ќе ми е сево ова кога сум на сцена, гледаме дека ме сакаат, ми аплаудираат, а кога ќе седнам во автомобилот, јас сум сама. Одам дома и сум сама.“ Кога ќе се вратеше тажна од концерт, знаеше да ни се јави. Мира и јас зимавме такси и одевме да бидеме со неа. Знаеше да не раздени додека зборувавме, додека ја тешевме“ - вели Дина.
„Тоа чувство никогаш нема да го заборавам. Пред да слушнам дека загинале, ме повика Боки Милошевиќ да ме праша што правам. Му кажав дека чекам Мира да се врати бидејќи јас живеев со неа во станот на Карабурма. „Чекам Силвана да ја донесе.“ Бидејќи сфати дека не знам, рече: „Во ред, чао“. По него ми се јави Хоки и истото му го повторив... Меѓутоа, по 15 - 20 минути ме повика брат ми и од другата страна на слушалката слушнав врисок. Го прашав: „Што се случило, што ви е?“ Брат ми ми рече: „Ти не слушна?“ Јас го прашав за што зборува, а тој ми кажа дека Силвана и Мира починале. Само вриснав. Цела зграда ја разбудив, бидејќи тоа беше некаде по полноќ. Сите дотрчаа да ме видат и да ме прашаат зошто вриснав. Кога слушнаа, тоа беше шок. Инаку, јас требаше да одам со нив во Пожаревац, но останав да го гледат филмот „Лет над гнездото на кукавицата“. Им кажав: „Не можам сега, ќе одам друг пат.“ Постојано одев со нив. Ете, ја избегнав смртта. Инаку, пред да тргнат, Мира се врати од вторниот на нашиот трети спрат за да ме бакне. Потоа сето тоа ми помина низ глава, како да чувствуваше нешто. Ме бакнуваше како никогаш дотогаш. Се сеќавам дека во еден момент таа ноќ стомакот толку ме здоболе што комшиката што живее во станот до мене, сакаше да викне брза помош. Грчевите беа силни. Подоцна дознав дека тие во тоа време ја имале несреќата. Како да претчувствував“ - емотивно раскажа Дина.