Почина популарниот диџеј и продуцент: „Пуштав музика со него пред две недели, имавме одличен сет заедно“

Добивај вести на Viber

Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 г. почина нашиот сакан татко и сопруг, соопшти семејството..

Томас Брукнер, популарниот диџеј и продуцент под уметничкото име Томкрафт, почина овој понеделник на 50-годишна возраст. Тажната вест ја потврди и на неговиот Фејсбук профил.

„Почивај во мир. Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 г. почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека не се обединиме. Со почит, вашето семејство. Бине, Макс, Амели и Софи“, беше објавено на Фејсбук профилот на Томкрафт.


Томкрафт е роден во Минхен, Германија во 1975 година и беше светски познат по својот придонес во хаус и техно музиката. Кариерата ја започна во 1994 година, а набрзо се здоби со признание на електронската музичка сцена. Меѓу попопуларните песни беа оние во соработка со Енијак - „Loneliness“ и „Prozac“, а настапуваше и на бројни престижни настани низ светот како што е Љубовната парада во Берлин. Во текот на својата кариера, Томкрафт објави неколку албуми како „All I Got“ (2001), „MUC“ (2003), „HyperSexyConscious“ (2006) и „For the Queen“ (2007). Тој, исто така, основаше своја издавачка куќа, Great Stuff Recordings, во 2003 година, а во 2005 година го лансираше Craft Music.


Германскиот продуцент Вестбам на Фејсбук напиша дека со него настапувал во германскиот Руген пред само две недели.

„Имаше одличен настап. Седев таму и слушав од почеток до крај, што ретко го правам. Звучеше одлично и непогрешливо. Можеби тоа беше неговиот последен сет. Не знам. Разговарав со него пред три дена и тој рече дека е на лечење од грип, но со нетрпение чекаше да пушта музика со сите нас во Rave The Planet. Почивај во мир“, напиша Вестбам.


Извор: Vecernji.hr