Познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша почина на 61 година, јавуваат српските медиуми. Мајката на една од најозборуваните музички ѕвезди вo регионот, Јелена Карлеуша, ѕвездените мигови во кариерата ги имаше на „Радио Београд“, а по 33 години работа се повлече, но остана присутна во медиумите учествувајќи во повеќе реални шоуа.
Карлеуша во 2016 година беше хоспитализирана поради проблеми со дишењето и се до нејзината смрт имаше сериозни здравствени проблеми за кои ниту таа, ниту нејзината славна ќерка не сакаа да зборуваат во јавноста.