ПОЧИНАЛА НЕКОЛКУ ЧАСА ПО СВОЈАТА НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ

Љубовната приказна за англичаните Пеги и Џон Олкфорт, кои починале во ист ден, по 65 години заеднички живот, а лани ја објави „Дејли мејл“, деновиве повторно се пренесува во неколку светски медиуми и се споделува на социјалните мрежи.

Пеги (83) и Џон (84) живееја во Хетфилд во Англија. Се запознале во 1951 година во еден спортски клуб. „Тоа била љубов на прв поглед“, раскажа за Дејли Мејл нивната ќерка. Се венчале три години подоцна и имале три деца.

Пеги и Џон, со ќерката Џулија и внуката Беатрикс на нејзината крштевка 

Среќата на оваа неразделна двојка, подоцна биле седумте внучиња. „Тие уживаа во секој момент од својата љубов, и во заедничките патувања. Дека беа постојано заедно сведочи и фактот дека работеа заедно, во британската авијација“, вели ќерката Џулија.

Во осумдесет и четвртата година, Џон починал од лимфом, вид на карцином во крвта. Неговата сооруга Пеги, своите последни часови од животот ги поминала организирајќи го неговиот погреб. Неколку часа по погребот, починала и Пеги.

Се венчале на 22 март во 1954 година 

„Мојата мајка си замина откако ѝ се скрши срцето. Почина од тага по татко ми“, изјавила ќерката. Обдукцијата подоцна покажала дека Пеги починала од срцев удар.

„Таа немаше да може да живее без него. Смртта на татко ми беше шок и голема тага за сите нас, но никој од нас не помисли дека и мајка ни ќе тргне по него. Кога почина татко ми, мајка ми рече дека не знае како би го исполнила својот ден сега, кога него го нема“ , раскажала ќерката.

Таа вели дека нејзините родители секогаш биле заедно. Таткото еднаш во неделата одел во паб и играл пикадо со брат ѝ, но главно биле дома. „Сакаа семејни собири, беа многу посветени еден на друг и им служеа како инспирација на останатите брачни двојки“, додала Џулија.