Подарете мартинка и направете некого среќен

Добивај вести на Viber

Почнува месецот кој ќе ни ја најави пролетта. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината.

Во чест на први март, девојките и жените плетеле алки -Мартинки.

Традиционалните мартинки кои се прават на овој ден ја симболизираат на пролетта, но и доброто здравје. Мартинките се традиционален украс од бел и црвен конец, кој се плете во вид на нараквица и се закачуваат на првиот ден од месец март. Црвената боја на мартинката значи живот, а белата чистота и здравје. Со конец се изработуваат разновидни фигури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче.

Мартинката се подарува во чест на Баба Марта и истата се носи на левата рака или закачена на облеката сè додека расцвета првото дрво или додека не ја видите првата ластовичка или штрк. Потоа се закачува на дрво или се остава под камен со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски. Се вели дека подарената мартинка е знак за топло пријателство и среќа. Затоа подарете мартинка и направете некого среќен.