Подарок кој го чува со години: Меган Маркл откри што ќе му подари на бебето!
Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека го чекаат своето прво дете. Бебето на свет ќе дојде следната пролет, а поранешната актерка Меган Маркл за неа (потенцијално) веќе има подготвено подарок.
Имено, во едно интервју од 2015-та година, поранешната ѕвезда на серијата „Suits", рече дека купила безвременско парче за својата идна ќерка.
Се работи за часовникот „Cartier Tank Française“ кој Меган го купи кога дозна дека ќе се снима и третата сезона на популарната серија.
Станува збор за прекрасен часовник кој чини околу 5000 фунти.
Меган дополнително покажа колку е сентиментална, раскажувајќи дека на часовникот изгравирала „Од М. М. за М. М.", со план еден ден да го подари часовникот на својата ќерка.
Изравираниот дел веројатно значи „од Меган Маркл за Меган Маркл", а веќе се размислува за тоа дека натписот може да има влијание и на името што ќе му дадат на своето бебе.
Меган и Хари моментално се на турнеја во Австралија, каде го добија првиот подарок за бебенцето- мало кенгурче и преслатки чизмички.