Подарок вреден 25.000 евра: Со што го изненади Александра Пријовиќ сопругот Филип?
За нивната голема љубов сите слушнале - Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се меѓу најпопуларните парови во регионот, секој нивен чекор е испратен медиумите.
Деновиве Филип славеше роденден па снаата на Лепа Брена, Александра го изненади сопругот, со скапоцен подарок.
Како што вели извор за српски Аlo, Александра долго размислувала што да му подари на сопругот, одлучила да не комплицира и да му го купи она што најмногу го сака - часовник.
Пејачката на сопругот му купила скапоцен часовник „ролекс“.
„Бидејќи Филип е едноставен и за своите родендени не прави големи прослави, Александра се труди скормната и интимна прослава да ја збогати со подароци кои ќе го воодушеват. Иако не сакаше да му купи часовник бидејќи тоа му подари и за годишнината од бракот, сфати дека часовниците се единствено нешто што го радуваат“ вели соговорникот и додава дека Пријовиќ за скаопоцениот подарок издвоила дури една четвртина од заштедата.
„Издвои значајна сума, отиде во продавница, па купи часовник од најновата колекција за кој плати 25.000 евра“ вели изворот и открива дека Живојиновиќ бил во шок кога видел дека од сопругата добил уште еден часовник кој чини цело богатство.
Инаку неколку недели пред роденденот, Филип ја предупреди Александра ништо да не му купува и да не се троши. Секако, таа не го послуша и за неговиот роденден потроши мало богатство.
Изворот додава и дека е точно, дека Филип би можел да купи стан во центарот на градот, доколку ги продаде сите часовници што ги добил досега од неговата сопруга.
извор:alo.rs