Животна училница // Приказни
ПОДГОТВЕТЕ ПАЛТА ЗА СТУДЕНИТЕ УТРА: Попоски вели наутро ќе биде доста свежо, некаде и под 10 степени!
Метеорологот Славчо попоски, објави дека во следните часови, поради продор на многу посвежа воздушна маса од север, кај нас во Македонија се очекува пад на температурите за околу 10 степени, понекаде дури и за повеќе од 10 степени, а а на повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).
„ Локално ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.
Температурите како што кажавме ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени, а потоа во деновите од викендот тие повторно ќе бидат повисоки преку ден, но повеќе не се очекуваат екстремно високи температурите како што имавме до сега.