Погледнете ја новата фотка: Она што е највредно, е она што е најмило- семејството
Кога е цело семејство заедно, без разлика на се, тогаш сме најсилни.
Иако не живетат повеќе во брачна заедница, Велко и Брана Тодевски, таткото и мајката на Тамара и Тијана се тука за своите деца и внучиња.
Па со една ваква фотографија ни пратија поздрав дека она што е највредно, е она што е најмило- семејството.
„За мојот татко Велко и неговата музичка извонредност се пишувало и зборувало многу. Но, денеска по којзнае кој пат сум горда ќерка.Беше задоволство да се присуствува на одбраната на дипломскиот испит на Нора Бајрами, која подготви монографија за виртуозот на контрабасот - Велко Тодевски“, напиша еднаш Тамара, а Тијана исто така со гордост зборува за својот татко.
За Брана и двете ќерки се согласни дека ја обожаваат и дека секогаш им е потпора и столб.
Еве ја новата фотграфија која Тамара штотуку ја објави. Сите на едно место, љубов и поддршка.
Фото: Инстаграм