Погледнете како изгледала Драгана Мирковиќ пред 4 децении: Во лелеав фустан со нејзиниот стар заштитен знак
Драгана Мирковиќ
со децении важи за една од најдобрите српски пејачки, а многумина заборавија
што беше нејзиниот заштитен знак на почетокот на кариерата
Драгана Мирковиќ е долги години на српската музичка сцена и откако се појави важи за една од најдобрите пејачки.
Драгана имала хитови од секој период од кариерата, а и некои од постарите преживеале до денес.
Денес Драгана е среќна мајка и сопруга и живее со семејството во вистински замок во Германија.
Секогаш беше жена со стил и следеше трендови, а тоа беше случај и кога за прв пат излезе на сцената.
Сепак, многумина забораваат што беше еден од нејзините заштитни знаци кога таа беше млада.
Драгана во тој период беше препознатлива по фризурата, поточно по локните кои некогаш беа многу популарни.
Се појави фотографија од познатата пејачка од пред речиси четири децении, поточно од 1984 година.
Драгана на фотката позира во лелеав црвен фустан, на кој денес би ѝ позавиделе многу холивудски ѕвезди, а како специјален аксесоар додала гламурозна светкава огрлица со обетки во истиот тон.
Секое време има своја мода и носи одредени трендови со себе, па понекогаш комбинацијата на противречности е најдобрата можна.
Тоа се покажа и овој пат, откако Драгана во целосно гламурозно издание се фотографирала на хаубата на многу стар и, може да се каже, „истрошен“ автомобил.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot