Погледнете во нозете на првата дама на САД: Дали така се носат чевлите? Џил ќе ве насмее
Џил Бајден работи напорно овие денови и ги извршува сите должности на прва дама на Америка
Не е тајна дека секоја прва дама на Америка има тим од луѓе кои се грижат за тоа што носи, каква е нејзината фризура, за што зборува и со кого се дружи. Џил Бајден не е исклучок, бидејќи зад себе има неверојатно добри стилисти.
Тимот стилисти за Џил секогаш избира едноставни и елегантни комбинации, од фустани до јакни и сакоа со класичен стил.
Овој пат тоа беше бел фустан, со едноставен крој и сако во розова боја.
Сепак, вниманието на сите го привлекоа чевлите со високи потпетици изработени од кожа во нежно розова боја. Чевлите имаа врвки кои се врзуваат околу глуждовите, но Џил невнимателно ги врзала во јазол, додека под фустанот носи мрежести чорапи.
Прашањето што си го поставуваат сите што гледаат во нозете на првата дама на Америка е: дали се носат овие чевли на тој начин?
Се чини дека стилистите не можат буквално да ја обучат првата дама, таа сепак мора да стори нешто сама ...
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Џил Бајден во бојата на сезоната: Комбинација во виолетово која е моден погодок (ФОТО)