Актуелно // Жолта минута
Погледот на калуѓерките додека Северина поминува во секси фустан - фотографија на деценијата
- 28 Јануари, 2023
Сцена за паметење...
Северина пред десет години прошета низ центарот на Дубровник во тесен фустан од тантела, кога ги остави без зборови минувачите, но и калуѓерките.
Сите собрани, вклучително и претставници на црквата, се свртеа кон пејачката додека таа снимаше реклама за модел на автомобил, чие заштитно лице беше во тој момент.
Северина им се насмевна на бројните свештеници и калуѓерки, а истата реакција ја предизвика и кај нив.
Токму во тој момент фотографите ги снимија легендарните фотографии кои веќе цела деценија кружат низ медиумите.
А сега, Северина ги сподели овие фотографии на својот Инстаграм профил, и се присети на сцена која веројатно ќе ја памети цел живот.