Погодени индиректно од коронавирусот: Македонските дизајнери „замрзнати“, функционираат засега онлајн платформите

Македонската економија трпи несогледливи последици од чумата која го зафати светот. Ако во услови на коронавирус скоро се е „замрзнато„, какво ли ќе биде оправањето од оваа ситуација? 

Погодени се скоро сите сектори, Владата спрема пакет мерки, но штетата е веќе направена. Невидливиот непријател секојдневно го задава ударот. Од оваа ситуација не се изземени и македонските модни дизајнери. И иако некои текстилни конфекции се уште работат, што воопшто не е хумано и тоа мора да се спречи, модните дизајнери ги затворија своите ателјеа и студиа. Како тоа им се одразува?

Модна дизајнерка Тања Кокев, од ателје „Кокев„ вели:

- Пандемијата на коронавирусoт означува крај на нашата романса со пазарното општество и хипериндивидуализмот. Архитектурата на глобалното економско управување воспоставено во 20 век брзо ќе атрофира. Затоа кога ќе заврши ова, треба да се преориентира политиката  и да се направат  значителни нови инвестиции, пред се во во јавните добра, здравството, образованието и да не набројувам, сите знаме што недостасува. Економијата секако ќе пропадне ако владата не гарантира приход за милиони работници кои ќе ги загубат своите работни места во голема рецесија или депресија.  Мора да помогне на приватниот сектор. Така што одговорот на прашањето јас го немам, треба да се обратите кај гореспоменатите“.

Во незинито ателје, засега не се окажани нарачките, но сето тоа се пролонгира за два до три месеци.

- Ние бевме разумни и опшстествено одговорни и затворивме уште на 10март со цел да помогнеме во неширењето на вирусот. Како ќе се справуваме се зависи повторно од државата колку ќе застане позади приватниот сектор кој е секогаш тука за неа. Ова не е повеќе индивидуален проблем. Кокев постои на модната сцена веќе 15 години без ниедна помош  од државата или субвенција. И така сакам да биде и понатаму, не сакам никој да ја финансира мојата компанија. Но, во моментов никој од нас не е моќен да продолжи понатаму без горенаведената помош- вели Тања.

Целито текст за функционирањето ан модните дизајнери во време на кроонавирус и што истакна и модната дизајнерка Росица Мршиќ, прочитајте на Фактор.