Појадок кој ве крева од мртвите: Хранете се како Адријана Лима

Добивај вести на Viber

Адријана Лима се повлече од пистата на Victoria`s Secret, но и понатаму важи за една од најубавите жени во светот. И не се во прашање само гените. Славната манекенка напорно работи на својот изглед, а неодамна откри три главни трикови за убавина кои можат да ги практикуваат и нејзините фанови.

Вода

Секојдневно пие по неколку литри вода, не само да го забрза метаболизмот, туку и поради изгледот на кожата. Лима тврди дека со себе секогаш носи шише вода и овошје, како што изјави, да не се полакоми да влезе во некој ресторан за брза храна. Што се однесува до кожата, таа секојдневно користи и богати хидратантни креми кои длабински ја хранат кожата на нејзиното лице и го забавуваат стареењето.

Појадок кој ве крева од мртвите

Секое утро, непосредно по будењето, Адријана наместо класичен појадок, преферира шејк кој „ја крева од мртвите“ - мешавина од авокадо, мед и вода.

Ништо без тренинг

За да ја одржи фигурата во најдобро светло, вежба секојдневно. Освен кардио вежби како трчање и возење велосипед, практикува и бокс.