Покојниот пејач Лијам Пејн со позната колешка има син со многу чудно име: Кога ќе се преведе, звучи уште понепријатно, а еве зошто го крстиле вака
Светот пред четири дена го потресе веста дека популарниот пејач Лијам Пејн починал на одмор во Буенос Аирес, откако паднал од третиот кат од својата хотелска соба. И додека надлежните органи се обидуваат да ги откријат мотивите и позадината на трагичниот настан, странските медиуми го разложуваат неговиот живот на едноставни фактори. Поради ова се огласи неговата поранешна сопруга, пејачката Шерил Кол, која во емотивна порака ги замоли медиумите да внимават со текстовите и написите, бидејќи „нема да може да го заштити својот син од масовните лаги за неговиот татко.“
Инаку, парот доби син во март 2017 година, а Шерил за подкастот „What's The Tee“ откри дека името Bear (Беар - Мечка) го избрале поради неговата уникатност и сеќавањата од болницата, каде што го нарекле „малечко мече“ поради необичните звуци што ги правел како бебе.
Ова име стана многу популарно меѓу светските џет-сетери, а познатите личности како Кејт Винслет и Алиша Силверстоун исто така го избраа ова необично име.
Тука е и познатото ТВ лице, авантурист и истражувач Беар Грилс, кој секако придонесе името да биде попознато и попопуларно. Но, и покрај врските со познатите личности, славната Британка имала друга причина за својот избор, а информациите за името на наследникот се појавиле само пет недели по неговото раѓање.
Парот остана близок по разводот поради нивниот син
Иако Шерил и Лијам се разделија кога Беар имаше само една година, тие останаа блиски да го одгледуваат својот син заедно. Лијам изрази длабока почит кон Шерил, нарекувајќи ја една од најважните луѓе во неговиот живот.
„Моите блиски пријатели и семејството знаат дека има многу малку случаи кога останувам без зборови... Леле! Неверојатно сум среќен што можам да му посакам добредојде на нашето ново момче во светот, тоа е момент кој никогаш нема да го заборавам за остатокот од мојот живот јас сум целосно воодушевен од него со неговата неверојатна мајка и начинот на кој таа го направи сето тоа, таа навистина ги оствари моите соништа Се‘ уште не сме му дале име, но тој веќе освојува срца.Се чувствувам многу благословено“, изјави тогаш Лијам.
„Нашиот син мора да се соочи со фактот дека никогаш нема да го види својот татко“
По потресното проштално писмо на Шерил Кол, неговите зборови од минатото звучат уште потрогателно. Инаку, пејачката во објава на Инстаграм се обиде да се збогува со поранешниот сопруг, но за доброто на синот побара од медиумите да ги ублажат текстовите за неговиот покоен татко.
„Додека се обидувам да се помирам со овој катастрофален настан и да се справам со мојата тага во ова неверојатно болно време, би сакала да ве потсетам сите дека изгубивме човечко суштество. Лијам не беше само поп ѕвезда и славна личност, тој беше син, брат, вујко, драг пријател и татко на нашиот седумгодишен син, кој сега треба да се соочи со реалноста дека никогаш повеќе нема да го види својот татко. Она што најмногу ме вознемирува е тоа што еден ден Беар ќе има пристап до гнасните извештаи и медиумски „касапи“ што ги видовме во последните два дена, ми се скрши срцето што нема да можам да го заштитам од тоа. Сите заминаа да ги подигнат парчињата или да направат видео, запрашајте се дали сакате вашето дете или семејството да ги прочита, Ве молам, дајте му малку достоинство на Лијам по неговата смрт, нека почива во мир“, заклучи таа.
Истрагата за смртта на Лијам се‘ уште трае, а сега се појавија нови информации кои откриваат дека непосредно пред кобниот пад издавачката куќа „Universal Music“ го раскинала договорот со него поради лошите резултати од последните објавени проекти, кои, како што пишува „Дејли мејл“имала многу негативно влијание врз пејачот и неговиот поглед на иднината.