Полицајци во Италија со ламборџини превезуваа бубрези: Пациентите го добија најубавиот божиќен подарок
Италијанските сообраќајни службеници добија итна задача - што поскоро да испорачаат два бубрега во Рим и Модена! Бидејќи морало да се изврши навреме, тие не се двоумеле многу, па за таа намена користеле моќен спортски Lamborghini Huracan со кој поминале 570 километри за на пациентите, како што навела полицијата, да им го дадат „најубавиот Божиќен подарок: живот“.
Задачата е успешно завршена, па пациентите кои чекаат трансплантација можат да здивнат. Ова не е прва ваква „брза испорака“ за полицајците и се покажува како многу корисна.
Навистина, најдобриот подарок што пациентите би можеле да го добијат е токму тој, животот содржан во два бубрега. Полицајците поминаа добар дел од Италија минатиот вторник за да ги донесат двата органи на посакуваните дестинации.
- Патување по автопатот за да го доставиме најдобриот божиќен подарок: животот. Благодарение на специјалниот Дедо Мраз на државната полиција, две лица добија донација на бубрег. Службениците на сообраќајната полиција беа задолжени за испорака на органи, кои со Huracan донесоа два бубрега во болниците во Модена и Рим. Се надеваме дека благодарение на тимската работа со Националниот центар за трансплантација, двете лица и нивните семејства ќе имаат посреќен и помирен Божиќ - објави полицијата на Фејсбук.
Во вторникот, италијанската полиција ја напушти Падова, мало гратче во североисточна Италија, за Модена, оддалечена 170 километри, каде го предадоа првиот бубрег. Тие потоа продолжија да возат до главниот град Рим, оддалечен повеќе од 400 километри, за да го предадат вториот орган. Вкупно, околу 570 километри за да се спасат два животи.
Италијанските сообраќајни службеници со години користат специјални модели на Ламборџини за пресретнување на возила кои брзо се возат, но и за итни мисии како оваа. Моментално имаат две копии од Huracan во полициски бои, со специјална опрема за мерење на брзината и посебен „пакет“ за транспорт на органи, секој со 610 коњски сили и кој може да достигне брзина и до 325 километри на час.
Фото: Принтскрин