„Биди секогаш, баш таков каков што си од кога се роди!“: Помалиот син на Кристина Арнаудова наполни 8 години
Кристина Аранудова има два сина, поголемиот Максим, и помалиот Матео.
Матео викендов славеше роденден, а во петокот наполни 8 години.
По тој повод се огласи Арнаудова , која на социјалните мрежи напиша:
„8 години полни за Матео, а за нас 8 години полни насмевки, среќа, љубови, бескрајни гушкања, смешки, и убавини! Биди Љубов секогаш, баш таков каков што си од кога се роди! Мила Чиста Љубов за сите! Те сакаме бескрајно и секој ден со благодарност те гледам, што толку многу ни даваш, без да знаеш. Среќен роденден Убавино наша!“ - пишува на Инстаграм , пејачката покрај фотографиите.
Во една прилика, Кристина го раскажа нејзиното породилно искуство со помалиот син.
„26 јануари, 2016, легнав да спијам. Имав закажано царски рез на 27 утрото. Ама нешто почна интензивно да се движи. Станав, се прошетав, викам ќе помине. Пак легнав. Пак нешто чудно почна да се дешава. Контракции. Ок,си викам, од контракција до породување има време. Смирено станав, му соопштив на маж ми дека изгледа решил дечкото да излезе. И се јавив на Бица, другарка ми, која живееше до мене у другата зграда, да дојде да го чува Максим, за да заминеме во болница. У меѓувреме почна многу често да се јавуваат контракции…си викам, имам време ок е, не е можно толку брзо се да се деси. Смирена си влегов да се туширам… оп и водењакот пукна. Докторката на телефон, вика јас тргнувам и ти брзај. Си викам , шо паничи женава….Ок е ќе стигнеме… се облеков, Бица стигна, влегов у лифт и тука сфатив дека веќе неможам да одам од болка . Седнав у кола, си земав некоја шминка, ставив сјајче на устата,и малку руж,оти срамота да ме види таква прв пат син ми нели . У меѓувреме почна детево да се бори јако. Дури стигнавме до болница,едвај стигнав до соба. Ама нема слободна сала, а женава готова е, вика сестрата. Тука више не ми беше до шминкање, само врискав. На секоја минута . Не знаев дека така болело. Сестрата вика кога брзо се отвараш многу боли. Викам знам,сфатив…. Пред мене стои маж ми, и пробува да е хумористичен како секогаш, ми вика диши, вака (покажува како ) , како во филмовите! А јас му се дерам море мрш, ти ќе ми кажеш . Па и ме слика. Уште нема слободна сала. Докторите уште се на пат да стигнат. Детево само шо не излегло. Се тоа за 40 минути. Стигнуваат докторите. Едвај стигнуваме до празна сала. Јас на секој два чекори застанувам пошто на секои 30 секунди контракции. Се собираат докторите. Маж ми малку пребледен ме испраќа, му викам смири се, се ќе биде добро ( нормално дека јас него го смирувам, којзнае колку му било тешко на човекот). Матео се роди во 03,40 на 26 јануари, така си реши. Докторите закон, др.Елена Петрова, што ме породи со двете деца, без неа не сакав да се породам. Ја поздравувам! И ете 7 години од се ова, од оваа слика, Матео полни 7 години! Најмилото бебе, сестрите велеа и намирното…Среќен 7 Матео! Те сакаме! Љубов си!“.
ФОТО: Инстаграм