Поради невкусната шега на пријателка, останала неподвижна, а сега вујко ѝ ја носи на грб секаде низ светот: Денес е инспирација за милиони луѓе

Џесика Тавил е 24-годишна жена од Америка, која во 2014 година поради туѓо невнимание завршила во инвалидска количка. Како што вели, никогаш нема да го заборави тој ден, 15 ноември, кој целосно ѝ го променил животот. Била со другарките кога се појавил маж кој не го познавала. Дошол со дрога и алкохол во рацете, а работите набрзо излегле од контрола.

Пијани и дрогирани луѓе ја киднапирале на шега, ја внеле во автомобил и ја однеле на некој пуст пат. Тие го игнорирале нејзиниот плач дека сака да си оди дома и ја убедиле дека само сакаат да се забавуваат.

- Кога стигнавме до тој пат, возачот го запре автомобилот и истовремено ја стави ногата на гасот и на кочницата, обидувајќи се да остави траги на бетонот. Тој изгуби контрола над автомобилот и удри во дрво, се сеќава таа во едно од нејзините видеа на TikTok.


Повредите ѝ биле многу тешки, се здобила со повреда на вратот и 'рбетниот мозок, а раните на главата и биле толку големи што и се гледал черепот.

- Болничарите ми рекоа дека сум изгубла многу крв и знаеја дека морам што побрзо да стигнам во болница бидејќи во спротивно нема да преживеам. Ме возеа до блискиот фудбалски стадион, од каде хеликоптерот ме префрли на интензивна нега – изјави таа.

Откако закрепнала доволно за да ја напушти интензивната нега, таа поминала седум месеци на рехабилитација. Потоа се вратила дома, но останала трајно врзана за инвалидска количка. Многу работи, вели таа, морала да ги научи да ги прави поинаку, а својата борба редовно ја споделува на TikTok, каде ја следат околу 2,3 милиони луѓе.

Неодамна, таа го покажа својот вујко како ја носи на грб за да види атракција во Либан, чиј врв не  е достапен за инвалидска количка. Ја ставил на грб и ја носел по безброј скали. Нејзината мајка и баба ја носеле количката.

- Беше многу топло и можеше да се види дека вујко ми е многу уморен - рече таа и додаде дека го има најдобриот вујко на светот.

Во друга снимка, таа вели дека додека го разгледувала Либан, ја изгубила омилената сандала, бидејќи не чувствувала дали има чевли или не. Била очајна, па мајка ѝ и предложилатоа да го објави на Инстаграм бидејќи таму има многу следбеници, особено од тие краишта.

Набрзо и се јавил еден маж и ѝ рекол да му објасни каде точно се движела за да тргне во потрага по нејзината сандала. Не поминало долго време додека таа добила видео повик од него и ѝ ја покажал изгубената сандала. На нејзината среќа и немало крај.

- Се чувствував како Пепелашка - рече таа.


Во друго видео таа покажа како го запознала тој млад човек, тој и ја вратил сандалата, како во помодерна верзија на Пепелашка, пишува 24сата.хр.

Покрај тоа, младото момче и приреди вистинско мало изненадување кога пред сите и донесло торта за претстојниот роденден. Таа била воодушевена од овој гест и заклучила дека таквите постапки и ја враќаат вербата во животот и дополнителна сила да продолжи.


Фото и Видео: ТикТок/Инстаграм