Поради совршеното тело ја нарекуваат жена бомба: Познатата убавица се избања во ледена вода на 3 степени и направи „бум“ на Инстаграм (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Никол Шерцингер заинтригира многумина објавувајќи на Инстаграм фотографии и видео на кое се гледа нејзиниот необичен ритуал. 

„Расположение за понеделник. Ледено капење на три степени за шест минути“, напиша Никол и нагласи дека нема успех без болка.

Пејачката се капеше во када поставена на балконот од нејзината вила, а како што посочи надвор било околу три степени, поточно 2,7 степени.

И секој детал од овој пост привлече внимание. И фантастичниот предизвикувачки костим за капење што го носеше, ледената бања како голем предизвик, врвната форма на заносната Никол Шерцингер и како што многумина велат, „планината“ од фотошоп. Па, да почнеме по ред.


Костимот за капење е повеќе од експлозивен, ги истакнува колковите, а прерамките во горниот дел го привлекуваат вниманието на деколтето. Многумина се восхитуваат на храброста и истрајноста на музичката ѕвезда, велејќи дека можат да издржат само две минути.

„Шампион“, „Гори, а куќата ти е како рај“, „Најдобра“, коментираат на Инстаграм.

А некои го забележаа фотошопот: „Премногу фотошоп, очигледно е“, „Никој нема да каже нешто за фотошопираната половина?“, „Навистина ли изгледа вака нејзината када?“.

Колку има или нема фотошоп, најдобро можете да видите во видеото

Една од најубавите жени на светот успеа на „кул“ начин да ги запали социјалните мрежи. А ако се прашувате како успева да остане во одлична форма, одговорот е постојано вежбање. Вака изгледа еден од тренинзите на познатата пејачка.


Извор: zena.blic.rs