Поранешниот тапанар на „Бијело дугме“ пати по ќерката, сопругата исплашена за неговиот живот
Кон крајот на јули, во стан во сараевската населба „Језеро'“ беше пронајдено безживотното тело на 35 годишната Маја Авдилбеговиќ, ќерка на Милиќ Вукашиновиќ, поранешниот тапанар на „Бијело дугме“ и фронтмен на „Ватрени пољубац“.
По нејзината смрт, 68 годишниот музичар тешко се справува со загубата на ќерка си, особено откако медиумите беа полни со информации за тоа дека Маја и претходно се обидувала да си го одземе животот и дека за тоа го посочувала него како виновник.
Негова најголема поддршка во овие тешки мигови е сопругата Сузана Вукашиновиќ (44), која истакнала дека рокерот е во тешка психичка состојба и дека тешко се справува со загубата.
„Преживуваме голема трагедија. Малку време помина, болката остана, важно е да го надминете тешкиот период. Јас сум исплашена за неговиот живот. Мора да продолжи да живее за внуците“, кажала Сузана за двете деца кои Маја ги оставила по смртта.
Семејната драма беше актуелна тема изминатиот период, а како што е и случај со ваквите трагедии, секоја приказна има две страни, па целиот текст околу несреќниот случај, можете даја прочитате ТУКА.