Поранешните сопружници во прегратка: Васил Зафирчев ѝ честиташе на Калиопи за успешниот концерт во Белград

Добивај вести на Viber

Поп-ѕвездата Калиопи Букле одржа голем концерт во Белград и уште еднаш го потврди епитетот крлаица на емоциите.

Пејачката на концертот во салата МТС пред белгаѓани го донесе својот „куфер со љубов“ и ги освои срцата на присутните.

Четири години публика ја чекаше Калиопи да им пее, а секое нејзино појавување беше поздравено со громогласен аплауз.

Преку блиската интеракција со публиката, Калиопи ги испеа најголемите хитови од нејзиниот богат опус.

Зад сцената по успешниот концерт на Калиопи ја очекуваше изненадување од нејзиниот поранешен сопруг.

Актерот Васил Зафирчев, со прегратка и честиташе на Калиопи за одличниот концерт. Тој на концертот во Белград се појави како поддршка за пејачката.

Не е тајна дека Калиопи и Васил и по разводот останаа одлични пријатели. Тоа и двајцата го потврдуваа често во интервјуа, а доказ за тоа е и овој потег на нејзиниот поранешен сопруг.

Калиопи остана во одлична комуникација и со нејзиниот прв сопруг Роме Грил со кој продолжи да соработува на музичко поле.

Фото: Инстаграм