Порасна синот на Даниел Кајмакоски: Стефан го препознава тато на телевизија и се радува додека го гледа

Добивај вести на Viber

Вториот син на Даниел Кајмакоски, Стефан кој го има со неговата втора сопруга Марина, наполни 10 месеци.

Стефан веќе е голем и може да го препознае својот татко кога ќе го види на телевизија.

Сопругата на Кајмакоски, Марина објави инстаграм приказна на која е малиот Стефан додека го гледа својот татко на телевизија.

„Малку играње не може да штети“, напиша Марина.

Даниел Кајмакоски во мај минатата година втор пат стана татко, додека во јануари втор пат стапи во брак, со својата нова избраничка.

Фото: Инстаграм