Поинакво издание на нашата претставничка за Евровизија: Андреа во здолниште и кратка маица на предевровизиска забава во Шпанија

Добивај вести на Viber

Андреа Коевска - македонската претставничка за Евровизија годинава, моментално е во Шпанија заедно со евровизиските претставниците на други држави, каде ги промовираат своите песни на предевровизиски настани и забави.

За оваа прилика, Андреа се одлучи за малку поразлично издание од онаа на кое досега бевме навиканти да го гледаме од неа.
 Нејзиниот стил претежно се состои од црна боја, предимензионирани алишта, кожа и воглавно панталони, но овојпат таа се одлучи за нешто поинакво - Андреа облече плисирано здолниште со кратка маица - урбано издание кое одлично ѝ прилега.


Андреа позираше на виолетовиот килим заедно со други евровизиски претставници.



Андреа моќна на сцената во Тел Авив, Констракта покажа нова кореографија (ВИДЕО)

Со нов имиџ во Европа: Откриваме детали за настапот на Андреа Коевска на евровизиската сцена