Портпаролот на ВМРО, Димса Арсовски ја побара за сопруга својата љубов
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ќе се жени.
Арсовски денес слави роденден, а токму на денешниот, за него посебен датум, ја побара за сопруга својата долгогодишна љубов Соња.
Убавите вести ги сподели Соња Тодорова на својот Инстаграм профил.
Инаку девојката на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, сега веќе вереница, Соња Тодорова по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје.
Парот е заедно неколку години, а преку социјалните мрежи може да се види дека тие двајцата сакаат да патуваат и имаат авантуристички дух. Скоро секогаш се заедно, насмеани и во потрага по нови авантури и спомени.
Вчера пак, се вери пратеникот Коста Костадинов со неговата избраничка Марија Десанова од Битола.
-Жените на македонските политичари: Скромни, убави и модерни