После 13 години Боки влезе во студио: Преработи анатологиска песна од македонски дојаен

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски после 13 години повторно влезе во студио и сними песна. На изненадување на многумина, Боки 13 објави и фотографија заедно со Никола Мицевски, со кој ја подготвува песната.

Инаку станува збор за македонска анатологиска песна, отпеана од грлото на доајенот на народната песна Пепи Бафтировски.

„Отпеана и снимена „Само една песна таговна“ под диригентска палка на маестро Никола Мицевски. После точно 13 години во студио снимив песна полна со тага и со љубов. Огромно благодарам на авторите Миле и Ѓорѓи Барбаровски за можноста и привелигијата. Следува промоција со видео запис“, напиша Боки на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Bojan Jovanovski (@boki13official)

Освен песна Боки 13 најави и документарно –игран филм, насловен „Рекет“.

View this post on Instagram

A post shared by Bojan Jovanovski (@boki13official)

Фото: Инстаграм
РЖМ