Последна инспирација на неговиот бренд беше Атиџе: Почина Кензо Таканда

Добивај вести на Viber

Познатиот јапонски моден дизајнер Кензо Таканда, почина вчера во Париз, на своја 81 година, поради компликации од коронавирусот.

Јапонецот беше првиот дизајнер што оствари огромен успех во Гранција, каде живееше и ја градеше својата кариера почнувајќи од 60-тите години на минатиот век, и каде во 70-тите го основаше сега светски познатиот бренд „КЕНЗО“.

Токму минатата недела пристигна убавата вест од неговата компанија, односно дека за новата колекција на брендот, за сезона пролет-лето 2021, на сегашниот креативен директор Оливеира Баприста, иснипрација му беше Атиџе и нашиот документарец „Медена земја“.

- Со огромна тага дознав за починувањето на Кензо Такада. Неговата неверојатна енергија, добрина, талент и насмевка беа заразни. Неговиот добар дух ќе живее засекогаш- се прости тој од својот учител.

View this post on Instagram

A post shared by felipeoliveirabaptista (@felipeoliveirabaptista) on