Последната фотка на Влатко Илиевски само неколку часа пред смртта
Утрово македонската јавност ја шокираше веста за смртта на еден од најпознатите македонски пејачи Влатко Илиевски. 33- годишниот рокер кој со години беше дел од групата „Морал“ бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, потврдуваат од МВР.
Трагедијата се случила синоќа во 23 часот по анонимна дојава во Единицата за информирање и команда при МВР.
Полицијата го пронашла безживотно тело на Илиевски во неговиот автомобил „Тојота“ на булеварот „Трета Македонска Бригада“. Полицијата и јавен обвинител извршиле увид.
Првично, на телото на починатиот нема траги на насилство, а обдукцијата ќе ги утврди причините за смртта.
Вчера е забележана и последната објава на личниот профил на починатиот пејач. На селфи фотка, стои наслов „ Шарене пилуле за лилуле“.
Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена