Пост карантиски промени: Српски дами непрепознатливи со нови фризури

Добивај вести на Viber

По пандемијата од коронавирус и по завршувањето на вонредните мерки во соседна Србија, по отварањето на кафеаните, кафичите, салоните за убавина познатите „удрија“ на промени.

Некои од нив сменија боја на коса, други додадоа шишки, но оние посмелите комплетно го сменија својот изглед.

Пејачката Емина Јаховиќ, како и голем број нејзини колеги, реши да ја промени фризурата по завршувањето на вонредната состојба.

Имено, таа не само што се откажа од светлите нијанси, туку сега има и шишки.


На многумина им се допадна оваа промена на имиџот, па затоа го пофалија негјзиниот изглед во коментар, под нејзината објава на инстаграм.


Најголема, а и најсмела пост карантинска промена направи пејачката Ана Кокиќ која ја изненади публиката со нејзината промена на имиџот! Имено, таа ја скрати косата кратко и шокираше многумина со трансформацијата.

"Здраво, јас сум ... Нова фризура! Кратка коса", напишала Ана, предизвикувајќи лавина од коментари.


Многумина се согласија дека Ана има феноменална кратка „пикси“ фризура, како и дека оваа фризура ја освежува и подмладува.

Српската Тв водителка Ана Михајловски која е една од најнегуваните и најстилизираните жени во регионот, исто така по завршувањето на вонредната состојба во соседна Србија направи промена, таа сепак не била храбра за поголема промена, па додала само шишки, кои и стојат одлично.


Ана, беше водителка на регионалното музичко шоу „Икс фактор“, таа е мајка на три деца, а зад себе има два развода.

Пред неколку дена и водителката Сузана Манчиќ се пофали на социјалните мрежи за својот нов изглед, кој наиде на мешани коментари, дел од нејзините следбеници го бендисуваа нејзиниот нов стајлинг, но дел од нив не се согласија со нејзиниот нов изглед.


Носев облека од сестра ми, патлиџанот ни беше луксуз: Емина проговори за тешкото детство

Жените по 35 години се стари моми, а мажите секси ергени: Водителката Ана Михајловски си ја отвори душата

Сузана Манчиќ: Имав проблеми со срцето поради препарати за слабеење