Сузана Манчиќ: Имав проблеми со срцето поради препарати за слабеење

Добивај вести на Viber

Поранешната најпозната девојка за лотарија Сузана Манчиќ (61) во интервју за српските медиуми изјави дека за малку ќе го загубила животот поради употреба на непроверени препарати за слабеење.

Поточно, таа завршила во болница со сериозни проблеми со срцето. Таа вели дека земала лекови за кои знаела дека имаат амфетамини, но биле без никаква етикета.

„ Навистина препаратите за слабеење покажуваа ефекти, не сум помислила дека вакво нешто може мене да ми се случи, но и мене ми се случи. Една ноќ се разбудив, пулсот почна да расте, буквално ми скокаше срцето и престанав да ги консумирам препаратите неколку дена. Едноставно телото така ми зборуваше“, рече Сузана.

Таа вели дека рацете и станале премногу ладни и завршила во болницата.

„ Кога ми се случи оваа,  бев во Грција, и си ветив што и да биде, нема никогаш повеќе да консумирам препарати за слабеење. И покрај тоа што изгледав како Холивудска ѕвезда, не сакам да бидам мртва, па решив да бидам жива на Балканот. Сите мои пријатели на кои им ги препорачав апчињата ги имале истите симптоми, палпитации на срцето и студени раце, рече Манчиќ и призна дека таа сè уште користи препарати за слабеење, но сега тие биле со докажан квалитет.

Познатата лото девојка, неодамна изјави дека сите во семејството Манчиќ имале проблем со кардиоваскуларните проблеми.

Иако веќе со децении не извлекува лото броеви, Сузана Манчиќ се памети како најубава лото девојка. Со години, таа им носеше богатство на луѓето влечејќи топки со нивниот број.