Постарата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак и нејзиното момче на одмор во Египет (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Светлана и Мики Црнокрак, двојката која повеќе од две децении е во брак и успешно го води модното студио „Црнокрак" се родители на две ќерки - Моника и Нина.

Постарата ќерка, Моника дипломираше на Економскиот факултет и веќе тргна по стапките на своите родители, освојувајќи неколку титули за убавина. За неа многумина коментираат дека е копија на нејзината мајка.

Таа веќе некое време е во љубов, а на социјалните мрежи често можеме да видиме фотографии со нејзиното момче Виктор Петров. Моментално, тие двајца споделуваат фотки од Египет каде се на летен одмор и супер си поминуваат.