Постарата сестра е најважната личност во животот: Еве зошто
Да имаш постара сестра е вистински благослов.
Таа е твојата втора мајка и твоја најдобра пријателка. Нејзината љубов кон тебе е безусловна. Иако понекогаш те критикуваат, секогаш ти е поддршка. Таа те учи на многу животни лекции и ти ги дава најдобрите совети, бидејќи таа веќе го има поминато она со што ти допрва треба да се соочиш.
# Секогаш е тука за тебе
Покрај она низ што поминуваш, твојата сестра секогаш ќе биде покрај тебе. Кога и да си тажна, таа точно знае што треба да те развесели. Доколку се караш со родителите, таа секогаш ќе те брани, дури и кога не си во право. Всушност, таа е единствената личност која навистина те разбира и секогаш можеш да се потпреш на неа. На крајот од денот, имаш израснато пред нејзините очи. Таа е со тебе на секој чекор на твоето патување. И секогаш ќе биде.
# Таа е твојот најголем обожавател
Растењето со сестра те обликува во независен и амбициозен човек. Дури кога не го забележуваш тоа, таа ти помага да станеш личност каква што отсекогаш си сакала да бидеш. Никој нема да те поддржува како твојата постара сестра. Таа ќе те охрабрува да ги следиш своите најсмели соништа и ќе ти помогне да ги оствариш своите цели. Таа верува во тебе повеќе отколку што верува во себе.
# Таа те сака без оглед на се
Доколку имаш постара сестра, никогаш нема да се чувствуваш осамено или несакано. Сестринската љубов е безусловна и несебична. Што и да направиш, знаеш дека секогаш можеш да и се обратиш за совет или да и побараш рамо за плачење. Твојата сестра е твојата најдобра пријателка која без оглед на се ќе биде со тебе.
# Таа се грижи за тебе
Без разлика дали имаш темепература или срцето ти е скршено, твојата постара сестра знае како да се грижи за тебе. Таа знае најдобар лек за симнување на температурата и најделотворна терапија за лечење на твоите повредени чувства. Кога и да ти е потребен некој за разговор, таа е тука за да те сослуша. Секогаш ќе и бидеш приоритет.
# Таа е брутално искрена
На секој му е потребно некој од време на време да се спушти на земја. Твојата постара сестра е твојот најдобар критичар. Никогаш не би те лажела. Наместо да ја разубавува вистината како што би го направила тоа твојата најдобра пријателка, таа искрено ќе ти каже што мисли. А ти ќе ја послушаш бидеќи знаеш дека е во право. Бидејќи сестрите се секогаш во право.
# Таа секогаш разбира
Кога си со сестра ти, можеш да бидеш своја. Таа ги разбира твоите шеги и го познава значењето на секој твој израз на лицето. Нема потреба за преправање, затоа што таа може да погоди што те мачи само гледајќи во твоите очи. Таа гледа што се крие зад таа насмевка и знае дали е тој искрен или крие длабоки емоции.
Доколку имаш постара сестра, тогаш си навистина среќничка. Секој пат кога имаш проблем или се случи нешто возбудливо, твојата сестра е првата личност со која сакаш да разговараш за тоа. Нема многу луѓе да поминуваат низ оган поради тебе, но твојата сестра дефинитивно ќе го направи тоа. Толку многу те сакам. Дури и кога постојат несогласувања помеѓу вас и кога те нервира и ти безусловно ја сакаш.
Фото: